ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/10/22 1:36 PM

Федерико Киеза ќе го пропушти баражот со Македонија во март – Крилото на Јувентус ги скина лигаментите

Лекарскиот преглед ја потврди повредата на лигаментите на коленото кај напаѓачот на Јувентус, Федерико Киеза.

Фудбалерот ќе пропушти околу шест месеци, тврди „La Gazzetta dello Sport”.

Киеза се повреди вчера на натпреварот од 21. коло на италијанскиот шампионат против Рома (4:3).

Дваесет и четиригодишниот Италијанец оваа сезона одигра 18 натпревари за тимот на сите турнири и постигна четири гола и четири асистенции.Тој беше еден од најдобрите во италијанската репрезентација која го освои Евро 2020.

Италија во март ќе се сретне со македоската репрезентација во полуфиналето од баражот за Светското првенство во Катар.

фото: lbianconero.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1