ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/10/22 2:23 PM

Цените ја запалија инфлацијата, за една година скок од 3,2 отсто, струјата и парното уште ќе ја подгреваат

Енергетската криза продолжува да го зема својот данок. Ланската година заврши со раст на инфлацијата на годишно ниво за 3,2 отсто, во однос на 2020. Додека во декември 2021, во споредба со истиот месец 2020, инфлацијата или индексот на трошоци на живот, била поголема за 4,9 отсто.
Лани поскапело се: Транспорт за 9,9 отсто, Ресторани и хотели за 5,9 отсто, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 3,8 отсто, Храна и безалкохолни пијалаци за 3,1 отсто, Здравје за 2,9 отсто, Домување, вода, електрика, гас и други горива и Рекреација и култура за 2,7 отсто, Разновидни стоки и услуги за 1,4 отсто, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 1,0 отсто, Облека и обувки за 0,2 отсто…објави ДЗС.

Само за еден месец, декември 2021, во однос на ноември, поскапеле прехранбените производи, маслото и маснотиите, виното, лебот и житата, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, месото, сирењето…а воздухопловниот патнички транспорт скокнал за 20,6 отсто. Угорни се и цените на услугите за рекреација и спорт, информатичката опрема,  медицински производи, кујнскиот прибор, книгите, мали електрични апарати…

табела: ДЗС

А, она што веројатно ќе се случи овој месец, е уште поголем раст на инфлација, како резултат на скокот на цените на електричната енергија од 1 јаснуасро за  9,48 проценти за домаќинствата и малите фирми, поскапото парно 14,2 отсто, укинувањето на дневната евтина струја и растот на цените на горивата и гасот секоја недела.

Спред тоа, граѓаните се помалку веруваат дека оваа годинава ќе заврши со инфлација од 2,4 отсто, според проекциите на Владата.

Министерот за финансии Фатмир Бесими, неодамна во интервју за МИА изјави рече дека од втората половина на годинава не се очекува да продолжи трендот на раст на цените на глобалниот и на домашниот пазар, а со тоа и на инфлацијата.

„Ги следиме анализите на светско ниво каде се очекува инфлацијата да се стабилизира во втората половина од годината, и нашите проекции се дека таа за 2022 ќе биде 2,4 проценти, а од 2023 година ќе се стабилизира на 2 процента“, рече тој.

Евростаст неодамна објави дека годишната стапка на инфлација во ЕУ и во еврозоната во ноември нагло порасна, достигнувајќи рекордни нивоа, а како последица на растот на цените на енергенсите. Рекордната стапка на инфлација во голема мера го одразува скокот на цените на енергенсите, за дури 27,5 отсто во еврозоната.

На годишно ниво, инфлацијата мерена преку индексот на потрошувачките цени, скокна на рекордни 5,2 отсто во ноември 2021, од 4,4 отсто во октомври, споредено со една година претходно, што е највисокото ниво откако Евростат ги собира податоците.

М.Т.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1