ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/10/22 1:21 PM

Ракометарите ќе добијат 50.000 евра премија ако ја поминат групата на ЕП

Македонската ракометна репрезентација ќе биде наградена со 50 000 евра доколку успее да се пласираат во втората рунда на Европското првенство.

Ракометна федерација на Македонија уште еднаш покажа дека знае да ги вреднува резултатите на националниот тим и да придонесе за дополнителна мотивација кај играчите.

Репрезентацијата утре со чартер-лет ќе отпатува за Дебрецен, а на 13 јануари во првото коло се среќава со Словенија.

Во групата се уште и селекциите на Црна Гора и на Данска. Пласман во втората фаза ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации.

Македонија го стартува ЕП со дуел против Словенија на 13 јануари, на 15 се соочуваме со Црна Гора, додека на 17 јануари ќе излеземе на мегдан со Данска.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1