ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/10/22 1:13 PM

Снегот снежи, а „Македонија пат“ во постела си лежи – Институциите повторно изненадени од времето

„Македонија пат“ како надлежна институција повторно потфрли во чистењето на снегот, посебно на автопатите кои се најфрекфентни во ова време од денот.

По само три-четири часа откако почна да врне пообилен снег, граѓаните почнаа да реагираат дека делниците се лизгави и небезбедни за возење.

Од читател кој патувал од Велес за Скопје добивме фотографии на кои се гледа дека патот воопшто не е исчистен, а едно товарно возило се „прекршило“ поради лизгавиот коловоз.

Читатели реагираат дека не е исчистен автопатот Штип – Скопје и дека и таму има камиони кои се застанати и не можат да возат поради нечистиот коловоз.

А, времето денеска ќе биде облачно со пообилни врнежи (на повеќе места над 25л/м2, а локално и над 30л/м2). Вренежите во западните и северните делови, како и на повисоките места ќе бидат претежно од снег. Ќе се формира нова снежна покривка, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје облачно со врнежи од дожд и повремен снег и со слаб до умерен сверен ветер. Попладне врнежите ќе бидат претежно од снег и ќе се формира помала снежна покривка.

За утре УХМР најавува повремени локални врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од среда следува период на стабилно, суво и ветровито време со умерен до засилен северен ветер. Минималните температури насекаде ќе бидат под нулата, а најстудено ќе биде во четврток и петок кога утринските температури на места ќе се спуштаат и под -10 степени, а дневните понекаде ќе останат негативни.

 

О.К.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1