ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/10/22 12:59 PM

И приватните превозници бараат помош од Владата поради скапиот метан

Поради зголемување на цената на метанот, приватните превозници се соочуват со економска штета и нормално функционирање на автобусите. Неопходно е Владата да интервенира со одредени активности или субвенции што ќе им помогнат да ја совладаат оваа состојба, апелираше денеска директорот на приватното претпријатие „Слобода превоз“, Ленин Јовановски.
„Кон добавувачите на метан и нафта имаме долг од 43,5 милиони денари. За време на пандемијата не сакавме да организираме протести и да ја прекинеме работата. Одевме на помал отпор, се обраќавме со писма, вербални притисоци, но за жал ништо од тоа не беше прифатено, никаква комуникација немавме за да го решиме тој проблем. Единствено ни остана приватните превозници да се задолжуваат кај добавувачите и да подигнат кредит, за да можат да ја извршат услугата што одговорно ја преземале во интерес на граѓаните“, рече Јовановски на прес-конференција.

Тој посочи дека приватните превозници располагаат со 21 автобус на ЦНГ метан, додека Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје располага со 33. „Ако го земеме процентот на учество во јавниот превоз, каде што тие преовладуваат со 70 проценти, а ние со 30 отсто, ќе видиме дека кај нас тоа ќе се одрази многу повеќе со оглед на тоа што имаме дупло повеќе автобуси, споредбено на обемот на работа што го извршуваме и ако истиот проблем постои кај ЈСП, за кој треба да се најде решение, кај нас е многу поголем“, рече тој.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1