ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/10/22 12:45 PM

Омлет од бајат леб и зеленчук- брз појадок, готов за 15 минути

Доколку немате премногу време наутро, а сакате да појдувате нешто вкусно и здраво, овој рецепт е идеален за вас, бидејќи се подготвува многу брзо. За љубителите на омлет, еве рецепт кој за кратко време е на вашата трпеза, а е погоден и за појадок и за вечера.
Состојки: 1 цело јајце. 125 мл млеко, 3 парчиња леб, 20 грама кромид. 15 грама рендан морков,
14 грама рендана зелка, 32 грама сечкан домат, магдонос, лук, сол, бибер, мелена пиперка.
За сос: 30 гр. мајонез, 26 гр. кечап
Подготовка:
Лебот се сече на коцки, се додава јајцето и млекото, кромидот, морковот, зелката и доматот, ситно сечканиот магдонос и лукот, па се зачинува по вкус. Добро соединете ги сите состојки. Во загреана тава растопете малку путер и додадете ја подготвената смеса. Се пече околу 4-5 минути додека не добие кафеава кора. Потоа превртете го со чинија и повторете го процесот на печење. Во помал сад сипете мајонез и кечап и сè убаво измешајте за да добиете совршено вкусен сос.

извор: stvarukusa.mondo.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1