ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/10/22 10:00 AM

Медитеранска диета-добра за срцето и го намалува ризикот од дијабетес и деменција

Петта година по ред медитеранската исхрана е првата што ја „мина целта“ на годишната трка за најдобра програма за исхрана, според проценките објавени од US News & World Report.
На второ место се најде DASH диетата која се карактеризира со намален внес на сол, додека третото место го зазеде флекситарната диета која најчесто вклучува вегетаријанска исхрана, но е доволно флексибилна за одвреме-навреме да јаде хамбургер.
Сите три диети вклучуваат намалување или елиминирање на преработената храна и зголемување на внесот на овошје, зеленчук, мешунки, цели зрна, јаткасти плодови и семки.
„Мислам дека е важно да се напомене дека сите три најпопуларни диети – медитеранска, DASH и флекситарната – нудат разновидност, флексибилност и неколку правила“, рече Гретел Шулер, извршен уредник за здравје во US News & World Report.
– Сите диети имаат добри резултати и се безбедни, разумни и поддржани од науката. Тие се прогласени за најдобри, обезбедуваат и соодветни калории со фокус на зеленчук, овошје и цели зрна, скромна количина на протеини со малку маснотии, млечни производи и повремени десерти – додаде таа.
Панел од 27 експерти испитуваше 40 диети и ги рангираше во неколку категории: колку е лесно да се следи диета, колку е веројатно дека човекот значително ќе изгуби тежина, и на краток и на долг рок, колку диетата е ефикасна во превенцијата од кардиоваскуларни болести или дијабетес и хранлива комплетност.
– Општо земено, врвните диети се водат од тоа што можете да јадете, а не од тоа што не можете да јадете. И токму сега – во овие стресни времиња на пандемијата – тоа е особено корисно за луѓето – рече Шулер.
Медитеранската диета е и прогласена за најлесна за следење, најздрава, најдобра за дијабетес и најдобра диета базирана на овошје и зеленчук. Бројни студии покажаа дека медитеранската исхрана може да го намали ризикот од дијабетес, висок холестерол, деменција, губење на меморијата, депресија и рак на дојка. Оваа диета е поврзана и со поцврсти коски, поздраво срце и подолг живот.
Медитеранската исхрана вклучува едноставни оброци од растителна основа, при што поголемиот дел од секој оброк се базира на овошје, зеленчук, цели зрна, мешунки и семиња, со јаткасти плодови и силен акцент на екстра девственото маслиново масло.

Извор и фото: vesti-online.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1