ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/10/22 8:40 AM

Тлото не мирува – над 20 потреси за 8 часа

Битолчани поминаа бессона ноќ по првиот потрес синоќа пред 23 часот, чиј епицентар беше во Грција, во близина на Лерин. До денеска наутро до 8 часот, регистрирани се над 20 потреси. Во Битола причинета е помала материјална штета, со испукани ѕидови, а оштетена е и внатрешноста на болницата, но штетите се незначителни.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно – математичкиот факултет во Скопје соопшти дека првиот земјотрес кој се случи во 22 часот и 43 минути беше со Рихтерова магнитуда ML5.6, а беше најсилно почувствуван од населението во југозападниот дел на РС Македонија и тоа со интензитет од V-VI степени според Европската макросеизмичка скала. Во централниот дел од земјава беше почувствуван со интензитет од IV степени, а во Скопје и околината со интензитет од III – IV степени.

Вториот почувствуван земјотрес беше во 22 часот и 53 минути со Рихтерова магнитуда ML4.2, а беше почувствуван од населението во југозападниот дел на земјава со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Тлото не престанува да се тресе, а последниот потрес е регистриран во 8 часот на 15 километри од Битола со јачина од 2,8 степени.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1