ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/10/22 8:22 AM

Судот пресуди во корист на Ѓоковиќ и ја поништи одлуката за негова депортација

Судијата Ентони Кели нареди итно ослободување на Ѓоковиќ од притвор во рок од 30 минути, но сагата се уште не е завршена. Претставникот на австралиските власти Кристофер Трен, тврди дека депортацијата се уште е можна. Тој наведува дека министерот за имиграција има моќ да го депортира Новак Ѓоковиќ од Австралија.

Рочиштето траеше цел ден, откако претставниците на Ѓоковиќ ја обжалија одлуката на Владата, ја бранеа аргументирано и потврдија дека Новак има комплетна документација за медицинското ослободување. Борбата на светскиот рекет број 1 со австралиските власти се уште не е завршена, но е направен голем чекор кон настапот на претстојниот Австралија опен.

Сега се’ зависи од тоа што ќе направи Владата и дали ќе оди до крај и нема да дозволи Новак да учествува на турнирот.

Австралиската влада, меѓу другото, непосредно пред Ѓоковиќ да излезе на суд, објави дека како суверена држава има право повторно да го приведе, во случај српскиот тенисер да добие дозвола за престој во земјата.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1