ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/10/22 1:09 AM

ПМФ: Повеќе земјотреси без значајна материјала штета

Сеизмолошката опсерваторија при Природно – математичкиот факултет во Скопје, соопшти дека

Телеметриската сеизмолошка мрежа со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва, (9.1.2022 година) регистрира серија земјотреси чии епицентри се наоѓаат на 130km јужно од Скопје во соседна Грција во околината на Лерин.
-Првиот земјотрес кој се случи во 22 часот и 43 минути беше со Рихтерова магнитуда ML5.6 а беше најсилно почувствуван од населението во југозападниот дел на Републиката и тоа со интензитет од V-VI степени според Европската макросеизмичка скала. Во централниот дел од Републиката беше почувствуван со интензитет од IV степени а во Скопје и околината со интензитет од III – IV степени според истата скала. Вториот почувствуван земјотрес беше во 22 часот и 53 минути со Рихтерова магнитуда ML4.2 а беше почувствуван од населението во југозападниот дел на Републиката со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.
Според досегашните податоци овие земјотреси освен мала вознемиреност кај населението не предизвикаа материјални штети, информираа од ПМФ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1