ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/9/22 11:58 PM

(во живо) Ѓоковиќ го напушти хотелот, почнува рочиштето

Нешто по 23 часот по македонско време, тенисерот Новак Ѓоковиќ го напушти хотелот за мигранти во Мелбурн и замина на рочиштето што беше одложено за денеска (понеделник). Група од десетина полицајци го чекаа заминувањето на возилото, додека мала група на граѓани протестираа со транспаренти во раце.

Демонстрантите собрани пред хотелот, најпрво се качија на покривот, каде развија транспарент за поддршка на мигрантите кои со години се во тоа сместување. По нивното симнување дошло до судир со полицијата, но и апсења.

Рочиштето по жалбата за поништувањето на визата на Ѓоковиќ за влез во Австралија, се очекува да започне на полноќ по македонско време. Новак Ѓоковиќ ќе го бранат познатите австралиски адвокати Ник Вуд и Пол Холденсон.

Преносот во живо може да се следи овде.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1