ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/9/22 11:11 PM

Силен земјотрес од 5,5 степени по Рихтер во близина на Лерин, почувствуван и во Македонија, следуваа уште два

Силен земјотрес со интензитет од 5,5 степени по Рихтер  ја погоди Грција, во близина на Лерин а се почувствува и во Македонија

Според првичните информации потресот е со јачина од 5.8 степени според Рихтер, а епицентарот е на 130 километри јужно од Скопје.

Земјотресот предизвика вознемиреност меѓу жителите во Охрид, Струга и Битола.

„ Се тресеше 5-6 секунди, жителите посебно во зградите ги напуштија своите домови“ велат Битолчани.

Земјотресот бил на 23 километри јужно од Битола, а почувствуваниот земјотрес тука бил 4,8 степени.

По првиот удар, почувствувани се уште два земјотреси-3,5 и 4,2 степени.

До 23:30 минути регистрирани се вкупно осум земјотреси. Четириесет и пет минути по првиот потрес интернетот и мобилните телефони во Битолско не функционираа и беа во прекин.

Битолчани се на улица или во своите автомобили, прогнозираат бессона ноќ.

фото-Катимерини


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1