ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/9/22 7:43 PM

„Скијачи од Косово и Скопје скијале не каде треба, туку каде сакаат“, вели Адем Авзиу за спасувачката мисија на Шапка

Со два ратраци екипа на ски центарот Попова Шапка, заедно со спасителната служба попладнево ги бараа изгубените скијачи.

Добиле неколку повици од едниот од скијачите, кои се пуштиле од ски патеката Свети Илија, но наместо по неа, продолжиле со скијање и неколку километри подалеки од оваа патека. Поради густата магла изгубиле целосна ориентација. Побарале помош од ски центарот и им ја кажале локација ,а преку ЏПС систем биле пронајдени.

На ист начин траела потрагата и со втората поголема група скијачи, кои наместо по патеката на новиот шестосед продолжиле по маглата и белината во сосема друг правец.

-Како се спуштила маглата, луѓето скијале не каде треба туку каде сакаат да скијаат. Се јавија дека се загубени. Ги најдовме и сега луѓето сите се во добра здравствена состојба, немаат никакви последици и никакви повреди.  Над 90  проценти од скијачите кое се загубија беа од Косово. Тие беа залутани и од два до три километри надвор од патеките, вели Адем Авзиу директорот Елем Турс јавно претпријатие кое стопанисува со ски центарот Попова Шапка и додава:

. Една група од 12 души беа загубени кога се спуштиле од Свети Илија, и продолжиле по друг правец, а 15 души првин се спуштиле од новиот шестосед, па продолжиле во друг правец на диви патеки. Имаше и уште една група од Скопје со два три скијачи. Мора да се почитуваат правилата во ски центарот, особено кога има малга скијачите да се движат исклучиво на ски патеките, истакна Адем Авзиу директорот Елем Турс, а кој и самиот беше вклучен во спасувачката акција на залутаните скијачи.

Инаку денес на ски центарот имаше и двајца повредени кои спаситечните служби од патеките ги извлекоа на пристапно место каде со Итната медицинска помош, еден од нив е пренесен во медицинска установа за понатамошно лекување,

Поради маглата заради безбедносни причини денеска порано беа затворени шестоседата жичница, двоседата жичница „Церипашина” и ски-лифтот „Ге“.

(З.Д.)


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1