ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/9/22 9:55 PM

Визит-картичките ги измислиле Кинезите многу одамна, од големината се знаел нивниот статус

Визит-картичката не е изум на Европа. Таа е измислена и направена за прв пат во  Кина, многу одамна.

Пред илјада години Кинезите користеле визит-картички зошто имало вистинска потреба за тоа , пишува „Службен весник“ на 8 јануари пред 120 години.

„Да немаше визит-картички во Кина, ќе беше невозможно да се знае статусот на личноста што доаѓа на гости, а тоа било  многу важна работа“, се наведува во Службениот весник.

И додека кај нас и во другите делови на светот на визит-картичките се печатат  имињата и занимањата, во Кина тие се користат со друга намена.

„Таму статусот се познавал по големината на картата. Наводно вице-кралот Пецили му испратил толку огромна визит-карта на вонредниот англиски амбасадор, Лорд Мекарти, што ја носеле шест лица. Од неа можело да се направи огромен шатор“, се вели во текстот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1