ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/9/22 3:04 PM

Полициски службеници спасиле девет лица кои се изгубиле на Попова Шапка

Девет лица денеска се изгубиле на падините на Шар Планина, биле пронајдени и спасени од полициски службеници.

“Денеска во 10 часот и 30 минути, двајца тетовци  на возраст од 15 и 19 години во СВР Тетово пријавиле дека поради неповолните временски услови и густата магла на Попова Шапка, во близина на новиот ГЕ ски-лифт, каде се искачиле да скијаат, се изгубиле и потоа не знаеле каде точно се наоѓаат. Полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка и екипи од “Елем Турс’ веднаш презеле соодветни мерки за нивно пронаоѓање и ги пронашле двајцата тетовци, како и уште 7 други лица од Скопје, Куманово и соседно Косово кои, исто така, се изгубиле во тој реон,“ информира МВР.

Деветте лица на возраст од 15 до 45 години, околу 12 часот и 30 минути се безбедно вратени.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1