ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/9/22 2:53 PM

Билетот не поскапува туку се воведува нова услуга велат од ЈСП

Од ЈСП реагираат на соопштението на СДСМ дека наместо бесплатен автобуски превоз, претпријатието го поскапува билетот.

 Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ го поскапуваат автобускиот превоз преку воведување на билет од 120 денари. Владата веќе му помогна на ЈСП со тоа што даде гаранција за заемот од 70 милиони евра од Европската банка за обнова и развој за имплементриање на Бас рапид транзит системот.Арсовска заради лични каприци реши да го прекине овој проект кој треба сериозно да го унапреди квалитетот на јавниот превоз во главниот град. ,“ се вели во денешното соопштение на СДСМ

СДСМ има најмалку право да зборува за проектите на ЈСП, претпријатие коешто стана еден од најголемите загубари изминативе четири години. ЈСП ќе стане вистински сервис на граѓаните, бесплатниот превоз е реалност што ќе се спроведе.

Во интерес на јавноста е да се објасни дека превозот не се поскапува, туку се воведува нова услуга. Станува збор за билет за повеќекратно користење во текот на денот што значи поевтинување на превозот за оние кои имаат потреба од негово користење, се вели во соопштението од ЈСП.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1