ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/9/22 12:18 PM

Студен бран ќе ја зафати земјава-Пообилни врнежи, снежна покривка, засилен ветер, заладување

Денес (недела 09.01) кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има пообилни врнежи кои на повисоките места и на планините ќе бидат од снег.

Утре (понеделник 10.01) ќе се задржи облачно со пообилни врнежи (локално над 25л/м2) кои во западните и северните делови, како и на повисоките места ќе бидат претежно од снег. Ќе се формира нова снежна покривка, особено во западните делови (и во Полог и Пелагонија). Повремени врнежи од снег ќе има и во делови од Скопската Котлина.

Ќе започне да дува умерен северен ветер кој во вторник и во среда ќе биде засилен.

Повремен локален снег ќе има во вторник, а од среда времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури (на места и под -10 степени), а и дневните на места ќе останат негативни.

УМХР


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1