ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/9/22 12:14 PM

Кумановец усмртил пешак на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Кумановец вчера на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, со своето возило удрил во пешак. Повредениот пешак бил пренесен во кумановската болница, каде што набргу им подлегнал на повредите.

„Вчера попладне во 18,30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка во близина на населбата Карпош патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Ѓ.(33) од Куманово удрило во Р.П.(64) од с.Луке-Крива Паланка. По несреќата Р.П. била пренесена во Општата болница во Куманово за укажување на лекарска помош каде околу 19,20 часот од страна на лекар констатирана била смрт, “ информираат од Полицијата.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1