ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/9/22 10:40 AM

Бројот на заразени во светот надмина 300 милиони, во Македонија активни над 9500 ковид случаи

Над 9500 активни случаи на КОВИД-19 во земјава со новите потврдени 632 од вчерашната статистика за поминати 24 часа. Над половина активни односно 5558 се во Скопје. Трицифрени бројки на заразени во моментов имаат уште 12 града, најмногу се во Битола – 755 и Прилеп – 546, а над 300 активни имаат Охрид – 396 и Кавадарци – 301.

Во светот надмина 300 милиони вкупниот број регистрирани КОВИД-случаи. Тоа се должи на новите рекорди на инфицирани во десетици земји во текот на минатата недела поради брзото ширење на сојот омикрон. Во изминатите седум дена, 34 земји го регистрирале својот најголем број неделни случаи од почетокот на пандемијата, вклучувајќи 18 нации во Европа и седум во Африка.
Омикрон предизвика голем скок на инфекции и приеми во болница.

Бројот на КОВИД-пациенти во Велика Британија се искачи на 18 454 во четвртокот, двојно повеќе во однос на две недели претходно. Поради зголемувањето на отсуствата на вработени во британските болници, армијата веќе му помага на медицинскиот персонал.

И во регионот се преземаат нови мерки за справување со КОВИД-кризата поради брзото ширење на позаразниот сој на коронавирусот.
Од три региони во северниот дел на Грција в среда ќе почне мобилизација на приватни лекари, кои еден месец ќе помагаат во државните болници во борбата со пандемијата.
Грчките болници се соочуваат со сериозни проблеми и недостиг на персонал со оглед на тоа што околу 2500 здравствени работници се во карантин поради зараза со КОВИД-19. Во карантин во Грција се и околу 2000 полицајци.
Средношколците во Војводина, пак, од утре, кога треба да го почнат второто полугодие, ќе ја следат наставата на далечина поради зголемениот број новозарзени со омикрон.
Во Италија вчера стапи во сила задолжителна вакцинација против коронавирус за Италијанците над 50-годишна возраст.
Оние кои до крајот на месецов не се вакцинирале, примиле втора доза или „бустер“ доза, од 1 февруари ќе бидат казнети со 100 евра. Мерката ќе биде во сила до 15 јуни и ќе важи за сите жители на возраст над 50 години, вклучително и за странски државјани.

МИА

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1