ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/8/22 3:26 PM

(Видео) Најмалку 26 лица загинаа во снежна олуја во Пакистан, мртви лежат заробени во автомобили

Армијата се обидува да ги расчисти патиштата и да ги спаси оние кои се уште се заробени во близина на планинското одморалиште Мури. Околу 1.000 возила останаа заглавени на автопатот за време на снежната бура, изјави министерот за внатрешни работи Шеик Рашид, цитиран од Би-Би-Си.
Мури е планинско одморалиште северно од главниот град Исламабад.
Локалните медиуми во петокот објавија дека туристи останале заглавени поради снегот. Повеќе од 100.000 автомобили влегоа во Мури во последните денови за да ги видат невообичаено обилните снежни врнежи.
Ова предизвика огромен сообраќаен метеж на патиштата кои водат кон и од градот, соопшти полицијата. Според полицијата, најмалку шест лица замрзнале во своите автомобили, но се уште не е јасно како починале другите. Како можна причина се наведува гушењето по вдишување на јагреден диоксид
Рашид додаде дека владата ги повикала армијата и цивилните вооружени сили за итни операции за спасување на „речиси илјада“ возила кои сè уште се заглавени.
Сите патишта до Мура ќе бидат затворени за туристи и отворени ќе останат само за оние кои обезбедуваат помош за заробените, додаде министерот.
Снегот почна да паѓа во вторникот вечерта и продолжи и наредните денови, што доведе до прилив на илјадници туристи, пренесе Ројтерс.


Оваа област сега е прогласена за област на катастрофа и луѓето се повикуваат да се држат настрана.
„Луѓето се соочуваат со ужасна ситуација“, изјави за новинската агенција АФП по телефон Усман Абаси, турист заглавен во град каде сè уште паѓаше силен снег. – Не само туристите, туку и локалното население се соочува со сериозни проблеми, меѓу кои и недостатокот на гас и вода – додаде тој.

извор и фото: srbijadanas


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1