ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/8/22 2:53 PM

Примил 12 дози вакцина против корона и сака уште

Еден човек од Индија тврди дека примил 12 дози антивакцина и вели дека верува оти тие дози му помогнале против болки во грбот, како и други здравствени проблеми, пишуваат тамошни медиуми.
Пензионираниот поштар Брамдео Мандал од индиската држава Бихар изјави дека дозата ја примил девет пати со пријавување со лична карта, а дополнителни дози успеал да добие преку мобилниот и гласачкото ливче на сопругата, пренесе „Ју-Ес-Еј тудеј“.
Тој за Њујорк Тајмс изјави дека има 85 години и дека првата доза ја примил во февруари минатата година.
„Верувам дека ми помага во општо здравје. Болките во грбот ми се намалија, добив сила, а апетитот ми се подобри. Постојано барав центри за вакцинација и отидов таму, а никој не ме препозна“, изјави Мандал.

Засега нема докази дека дополнителните дози на антивирусни вакцини придонесуваат за општото здравје кое не е поврзано со коронавирусот, а Мандал рече дека сака да прима повеќе дози.

извор: rs-lat.sputniknews


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1