ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/8/22 12:25 PM

Поскапо паркирање во Тетово за 10 денари

Наскоро зонското паркирање во Тетово треба да биде со нови повисоки цени. Јавното претријатие „Градски паркинг“ доби согласност за поскапувањето со одлука на Советот на 28 декември.
Согласно новите цени, паркирањето ќе поскапи за десет денари и во Зона А наместо 30 ќе биде 40 денари за еден час, додека во Зона Б наместо 20 ќе изнесува 30 денари.
Целта на ваквата одлука, како што вели директорот на ЈП „Градски паркинг“, Игор Додевски, не е заработувачка, туку опстанок и нормално функционирање на претпријатието.
-Направена е измена и дополнување на ценовникот од 2015. Од тогаш има промена и зголемени се цените на голем број ресурси за работа, меѓу кои и горивата. Овие цени се направени за да може нормално да функционира и да опстане претријатието, не да има некоја заработувачка, за да се санира претријатието и месечно да има доволно прилив и исто толку за расходи, изјави директорот на ЈП „Градски паркинг“, Игор Додевски.
Тој додава дека нови цени ќе има и за годишните карти за станари. Во затворени паркинзи ќе изнесуваат 3000 денари, додека 4500 за жители со адреса на улици и булевари со зонско паркирање како  дека се работи на измена на одредени детални урбанистички планови и градење на катни гаражи на паркингот кај зелениот пазар, кај судот и кај паркингот позади зградите на булеварот „Маршал Тито“и улица „Јане Сандански“.
Со одлука на општината, до почнување на учебната година дворовите на ОУ „Лирија“ и гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ се отворени за бесплатено паркирање.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1