ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/7/22 8:00 PM

Вежбањето додека сте позитивни на Ковид 19 не е препорачливо

Ако штотуку дознавте дека сте позитивни на коронавирус, вежбањето е веројатно последното нешто што треба да ви падне на ум. Но, како што луѓето закрепнуваат, многумина се прашуваат дали е безбедно да вежбате во вашите четири ѕида.

Иако ништо не ве спречува да вежбате дома, лекарот по општа пракса д-р Џузепе Арагон вели дека тоа не се препорачува.

“Некои луѓе немаат симптоми на болеста и мислат дека тоа не им е ништо. Сепак, треба да бидат свесни дека се работи за вирус кој го напаѓа респираторниот систем. Затоа за време на вежбањето може да го изгубат здивот или да се уморат побрзо од вообичаено”, изјавил докторот за Good To Know, пренесува Indrex.hr.

„Можеби ќе откриете дека не можете да тренирате толку напорно како и обично“, додаде тој.

Д-р Арагон исто така ја нагласува важноста на одморот, дури и ако се чувствувате добро после тренинг.

“Секој ковид 19 различно го доживува. Сепак, ги напаѓа истите делови од телото и голема е веројатноста дека вежбањето ќе ве измори. Затоа на вашето тело му треба одмор, бидејќи мора истовремено да се бори против оваа болест.” рече докторот.

Тој ве советува да вежбате полека и да го слушате вашето тело.

„Дали сакате да вежбате или не зависи целосно од вас. Го знаете вашето тело. Општиот совет е да не правите напорни вежби. Исто така препорачувам да го одложите вежбањето ако имате симптоми како треска, кашлица, вознемирен стомак или проблеми со дишењето. Ковид е респираторно заболување, а вежбањето може да влијае на вашето дишење“, објасни тој.

Зошто луѓето избираат да вежбаат додека се заразени со коронавирус или се во изолација?

Вежбањето има придобивки за нашето ментално и физичко здравје. Истражувањето од јуни 2020 година покажа дека 58 отсто од оние кои не биле премногу физички активни пред пандемијата ја зголемиле својата активност за време на пандемијата, а 36 отсто од оние кои вежбале пред пандемијата го интензивирале својот тренинг.

„Вежбањето е еден од најдобрите начини да останете здрави“, вели психологот Ли Чемберс.

Но, имајќи го предвид предупредувањето на докторот, Ли вели дека има и други работи што можеме да ги правиме наместо да вежбаме.

Спијте, јадете добро и не занемарувајте го тренирате вашиот ум.Одвојте време за нови активности и грижете се за себе.Колку што вежбањето позитивно влијае на нашиот живот, толку е стресно за нашето тело.Придобивките од вежбањето се многубројни. Но, додека сме заразени со коронавирус, треба да бараме други активности кои ни го подигнуваат расположението, го стимулираат нашиот ум и обезбедуваат отпорност на стрес“, заклучи тој.

Преземено од: https://www.b92.net/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1