ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/7/22 3:30 PM

(Фотогалерија) Бадник и дочекот на рождеството христово во Тетово под маски

И годинава традиционално чествувањето на Бадник во Тетово, синоќа го започнаа децата. Тие маскирани одејќи по тетовските семејства од врата на врата во групa од неколкумина, ја пееја познатата песна Бдња Баба а за возврат од домаќинките добиваа пари, костени, ореви.


Кој што спие

Нека стане

Нека меси колачиња

Ако нема колачиња

Нека даде паричиња

Ако нема паричиња

Нека даде оревчиња

Ако нема оревчиња

Нека даде јабучиња

Ако нема јабучиња

Нека даде се што има

Бадња Баба.


 Подоцна во предвечерието на Божиќ, младите и повозрасните со духовити и инвентивни маски го продолжија ваквиот начин на празнување.

Тие маскирани во кловнови, филмски ликови но и во ликови од познати македонски политичари, уметници и спортисти, го прославуваат Бадник по дискотеките и кафулињата.

Ваквиот начин на празнување на дечињата потекнува од паганско време, а во последниве 40- тина години започнаа да се маскираат и помладите, но и повозрасните.

Младите се задоволни што овој маскенбал премина во традициија.

-Едвај чекам да дојде бадникарскиот маскенбал.Во Тетово нема многу настани на културен или пак на спортски план. Маскенбалот е еден од ретките настани каде младите имаат можност да се забавуваат. Би сакал и многу млади би се сложиле со мене овој маскенбал да би поорганзиран да им дефиле како што е во Вевчани или во Струмица. Но сето ова треба некој да го организира и да одвои средства. Засега Општина Тетово не покажува интерес за вакво нешто, рече еден жител на Тетово кој секоја година учествува на бадникарскиот маскенбал.

-Тетовскиот маскенбал е посебен белег за градот. И така тука не се случува ништо на културен план и овој маскенбал е добродојден за забава на сите тетовци, вели еден учесник на маскенбалот.

Зоран Андонов новинар со повеќе децениско искуство, вели дека традицијата на маскирање на дечињата е многу стара, а последниве неколку децении ја прифатиле помладите и повозрасните. Најпрвин оделе маскирани покрај бадникарските огнови во малото, каде со посна трпеза го чекале христовото рождество.  Потоа тие започале маскирани да одат и по кафулињата и дискотеките и така таа традиција опстанува до ден денес.

-Кога пишував порано за овој обичај, старите тетовци велеа дека овој маскенбал ние што го нарекуваме Бдња баба е традиција навистина многу стара и тие не знаат од кога потекнува, но велат дека е стара. Јас како мал се сеќавам кога имав околу 6 до 7 години, одевме се собиравме група од деца, одевме низ малото, секој си имаше свој малски реон и ја пеевме оваа песна што и ден денеска се пее. Ни даваа кој париче, кој костен, кој орев. Потоа кога пораснавме, тоа за нас не беше интересно. Но после воениот конфликт во 2001 година почна еден обичај кој и порано се применувал но многу ретко, но после 2001 гоина почнаа многу масовно да се палат бадникови огнови. Тогаш немаше улица низ градот или мало, каде не беше запален бадников оган.Таа традиција се уште трае, но полека се намалува, можеби поради оние проблеми со загадувањето на воздухот, со непотребно трошење на дрва. Кога се палеа тие огнови обично доаѓаа жителите од малото маскирани и потоа започнаа и младите да се максираа да играат покрај огновите и потоа продолжуваше нивната забава по кафулињата. Тогаш не можеше да влезеш во кафуле, ако не си маскиран. И така оваа традиција продолжи. Имаше една убава идеја оваа традиција да стане еден препознатлив бренд за градот, сепак за тоа треба поголема ангажираност, но како идеја се уште постои, истакна Зоран Андонов кој и годинава со фотоапаратот ги овековечи маските од годинешниот бадникарски маскенбал.

Инаку синоќа во секое тетовско мало се палеше бадникарски оган и со посна трпеза се дочека хриството рождество.

Зоран Димовски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1