ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/7/22 3:00 PM

Цвеќето „божиќна ѕвезда“ крие древна легенда

Во Мексико постои верување дека сиромашното девојче Пепита било многу тажно бидејќи немало пари да му купи подарок на новородениот Исус.

Таа се срамела да се појави со празни раце за Бадник, па нејзината братучетка ја тешела велејќи дека не е важно што ќе донесе ако е подарок од срце.

Девојчето собрала од растенијата што ги нашла по пат и направила букет од нив. Додека срамежливо го спуштала букетот покрај Исус, цветот магично се претворил во растение со бујни, црвени лисја. Сите биле зачудени.

Покрај оваа легенда, цветот го добил своето попознато име во 1825 година, по еден амбасадор од САД кој работел во јужно Мексико. Бидејќи сакал да одгледува цвеќиња и да поседува неколку оранжерии, често го испраќал ова растение на своите пријатели како подарок.

Така цветот се раширил и станал познат низ американскиот континент.

Овие цвеќиња го симболизираат успехот, доброто расположение и најчесто се подаруваат за време на празниците како симбол на успехот и среќата, а се верува дека треба да им се подарат на луѓето кои својот роденден го слават во декември.

Преземено од: https://stil.kurir.rs/
Фото: Shutterstock

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1