ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/7/22 12:30 PM

По прејадување грејпфрут и целер за детоксикација

Го разликуваме добриот ХДЛ холестерол од ЛДЛ лошиот холестерол чие зголемено ниво во крвта предизвикува можни кардиоваскуларни заболувања. Заканувачките маснотии може да се спротивстават со помош на паметен избор на храна.

Грејпфрутот е апсолутен победник кога е во прашање борбата против лошиот холестерол бидејќи освен високото ниво на витамин Ц, содржи и пектин, кој во комбинација со витаминот го намалува холестеролот и ги штити крвните садови од блокада.

Целерот оди по неговите стапки. Две стебленца од овој зеленчук дневно се доволни за намалување на нивото на холестерол.

Состојки за пијалок за детоксикација:

– 1 грејпфрут

– 2 стебленца целер

– еден грст магдонос

– ¼ излупен лимон

– 3 парчиња ѓумбир

Подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и мешајте додека не добиете густ напиток.

Совет: Подготвениот свеж сок најдобро е да се конзумира пред ручек, што му остава доволно време на телото да ги впие сите состојки и да го активира дејството на сите состојки. Сепак, можете да го пиете и после оброк.

Преземено од: https://zadovoljna.dnevnik.hr/
Фото: Shutterstock

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1