ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/7/22 9:34 AM

Облачно и постудено, попладне дожд, на планините снег

Времето денеска ќе биде претежно облачно и постудено. Кон крајот на денот и во текот на ноќта со локален дожд, на планините снег. Ќе дува слаб до умерен, а претпладне долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 4, а максималната ќе достигне од 5 до 10 степени.

Во Скопје претежно облачно со умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 6 степени.

До понеделник ќе преовладува облачно време. Повеќе врнежи се очекуваат во понеделник. Дневната температура значително ќe се намали.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1