ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/6/22 7:10 PM

„Децата да ми се секогаш до мене„, си посака пејачката Јованка Житарова кога и се падна паричката за Бадник

Паричката се падна кај мене, се пофали пејачката Јованка Житарова, која заедно со децата Зои и Картер, Бадник го пречека со нејзиниото семејство во Неготино.

-Ова е семеен празник и сите треба да сме заедно. Не очекував и искрено многу се израдував кога видов дека паричката е кај мене, вели среќна Јованка и додава:

-Секако прво што посакав е да сум жива и здрава јас и децата и моето семејство. Среќни да се сите околу мене. Да ми се живи и здрави дечињата, секогаш да ми се до мене,  да сме заедно како што сме сега. Среќни заедно да делиме убави моменти. Што може мајка друго да посака освен се најубаво на своите деца, вели пејачката.

Неа овие празници секогаш ја потсетуваат на мир и спокој, затоа задолжитено ги поминува таму каде се чувствува најубаво- кај семејството.

-За Божик нема ништо поубаво да се разбудиш и да си ги прегрнеш најмилите. Ете тоа е спокојот во душа, вели таа.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1