ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/6/22 6:53 PM

(Видео) Божиќни реклами на Меѓународен Славјански Универзитет кои ќе ви го стоплат срцето

Стоплете нечие срце – е емотивната порака која е содржана во божиќните реклами на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“.
Празничните реклами на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ не потсетуваат на тоа колку малите нешта будат искрена љубов во секој од нас и колку истите нè прават подобри луѓе.



Во овие две години пандемија, сфативме колку е важно да се подари внимание, љубов и насмевки. Овие празници ја славиме убавината на заедничките моменти – да бидеме заедно со семејството, со најблиските, со сите оние кои на еден или друг начин ни го прават животот поубав.
Изминатава година беше уште еден доказ колку всушност ни е потребно внимание, дека луѓето еден без друг не можат. Во пресрет на празниците најубавиот подарок е топлиот допир, прегратката и убавиот збор.
Веќе четврта година Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ ги разубавува празниците со празничните реклами. Претходната година беше споделена новогодишната приказна за студентите кои се сетија како да ги разубават празниците на нивниот ректор во пензија.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1