ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/6/22 2:07 PM

(Фото Галерија) Коледарскиот оган е симбол на оној во пештерата каде бил роден Спасителот

Православните верници во пресрет на Бадник, празникот пред празникот, ја испочитуваа вековната традиција или пагански обичај кој го прифатиле овдешните луѓе палејќи коледарски огнови со кои се најавува Христовото раѓање.

Огнот е симбол на оној во пештерата каде што се родил Исус Христос чие раѓање го славиме во следните три дена.

ММС ви пренесува дел од атмосферата од коледарските огнови во Аеродром каде што се пие топла ракија, вино, се јадат посни јадења и се пеат коледарски песни до зори кога коледарите тргнуваат од врата до врата за да ја шират радосната вет за Христовото раѓање.

 

 


 

Фото: Вангел Тануровски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1