ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/6/22 11:00 AM

Канада ќе исплати 40 милијарди долари отштета на домородните деца

Канада ќе исплати 40 милијарди канадски долари отштета за домородните деца кои биле одземени од нивните семејства и ставени во системот на социјална помош.

Договорот предвидува 20 милијарди канадски долари (еден канадски долар чини 42,8 денари) за потенцијално стотиците илјади домородни деца кои биле одземени од семејства и немале пристап или имале проблеми да пристапат до јавните услуги.

Дополнителни 20 милијарди канадски долари се наменети за реформи за социјалната заштита во следните пет години.

Договорот за компензација е постигнат речиси 15 години откако Здружението на канадски староседелци поднесе тужба поради кршење на човековите права.

Канада призна дека нејзиниот систем е дискриминаторски, но постојано одбива да плати компензација и да ги финансира реформите.

Ова е најголем финансиски договор од ваков вид во канадската историја, а конечниот договор мора да биде финализиран до 31 март оваа година.

МИА

фото: bbc.co.uk


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1