ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/5/22 11:18 PM

Се разведоа за 65 секунди, ќерката се одрекла од него поради швалерка – Мистер Бин во скандал на деценијата

Руан Аткинсон, британски комичар и актер, пред извесно време го запали светот со скандал од приватниот живот – уште додека беше во брак најде 26 години помлада партнерка!

Култниот Мистер Бин се оженил со Сунетра Састра во 1990 година, со која се запознал во 1980-тите кога таа работела како шминкерка на телевизијата Би-Би-Си. Имаа две деца, а пред неколку години објавија дека се разведуваат – поточно британските медиуми објавија дека Руан бил во тајна врска со актерката Луиза Форд (41). Скандалот бил уште поголем, бидејќи споменатата актерка е 26 години помлада од него.

– Сунетра беше длабоко вознемирена бидејќи беше заменета со толку помлада жена – изјавил тогаш непознат извор за „Sun“.

После тоа брзо се разведоа, рочиштето траеше само 65 секунди, а разводот беше потврден од судот врз основа на наводното „неразумно однесување“ на Аткинсон, иако на суд не беа дадени примери за истото. На рочиштето не присуствуваа ниту Роуан, ниту Сунетра, кои поднеле барање за развод.

Неговата ќерка Лили толку многу му замерила на својот татко што ја оставила мајка си, а колку била повредена говори и фактот што решила на драстичен чекор, па го променила презимето, од Аткинсон во Састра, презимето на нејзината мајка.

Неговата сопруга по разводот се снајде добро, па таа остана во луксуз во Лондон, проценет на 21 милион фунти, додека Роуан се пресели во викендица вредна само четири милиони фунти.

Аткинсон е еден од најбогатите актери во Велика Британија, со проценето богатство од 70 милиони фунти.

Извор: Новости.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1