ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/5/22 10:54 PM

Австралија одби да му даде виза на Ѓоковиќ, мора да замине до крајот на денот

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ нема да може да ја одбрани титулата на Австралија опен, откако сојузните власти на Австралија одбија да му дадат виза за влез во Мелбурн како невакцинирана личност.

Според Пол Сакал, кој во неколку наврати имал најсигурни информации, на Новак дефинитивно му била одбиена виза и му било кажано дека мора да ја напушти Австралија до крајот на денот.

Во случајот се вклучени и адвокатите на Новак кои подготвуваат жалба пред судот во Викторија.

Ова е резултат на повеќечасовната тортура низ која Новак поминал на аеродромот во Мелбурн кога слетал бидејќи локалните власти одбиле да му ја поддржат визата, која претходно му била издадена од медицинскиот совет.

Иако првично добил т.н „Медицинското ослободување“ да влезе во Австралија како невакциниран човек и да ја одбрани титулата на турнир што го освои рекордни девет пати, притисокот на јавноста во изминатите 48 часа откако беше најавено дека ќе патува, ги натера политичарите да ја спуштат рампата и да најдат начин да се спречи да влезе во државата.

Новак слетал во Мелбурн околу 23.30 часот по локално време, по што цариниците му рекле дека нема соодветна виза, побарале дозвола од локалните власти, но државата Викторија не сакала да ја одобри визата.Новак бил сослушан, побарал докази за медицинско ослободување и бил сместен во соба со двајца полицајци кои го обезбедувале, без мобилен телефон и контакт со неговиот тим.

На крајот во целиот процес се вклучија и амбасадата на Србија и претседателот Александар Вучиќ, но на Новак не му беше дозволен влез.

Така, на првиот Грен слем сезонава ќе му биде ускратено присуството на актуелниот шампион и рекордер по бројот на освоени титули во Мелбурн.

Извор: Телеграф.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1