ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/5/22 5:03 PM

Кумановка излажала радожданка – И зела 500 евра за работна виза во Швајцарија и исчезнала

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против С.Ј.В.(50) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Во септември 2020 година во с.Радожда, пријавената се сретнала со друго женско лице и се договориле за сума од 500 евра да ѝ направи работна виза за Швајцарија, информираат од МВР.

Оштетената ѝ ги дала парите, но до денот на пријавување С.Ј.В. не направила работна виза, ниту ги вратила парите.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1