ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/5/22 3:51 PM

За три пчели глоба од 15.000 евра – Охридските пчелари со поддршка за осудениот колега

Здруженето на пчелари од Охрид јавно застана во одбрана на својот член Лазе Грозданов кој правосилно е осуден на парична казна од 15 илјади евра зашто неговите пчели нападнале три лица.

Инцидентот се случил на 30 јуни 2014 година кога Грозданов во Охрид со моторно возило превезувал сандаци со пчели. Пчелите при транспортот излегле од сандаците и ги нападнале В.П., неговата сопруга и петмесечното бебе додека шетале на булеварот „Туристичка”.

Грозданов за овој случај е прогласен за виновен од Судот во Охрид.

Според Тони Јосифоски, претседател на пчеларското здружение кое брои околу 50 членови, ваквата пресуда е апсурдна и е донесена во време кога целиот свет носи заштитни мерки за пчеларството, поддржувајќи го секторот со огромни финансиски средства.

Нивниот денешен собир, како што изјави, е токму во оваа насока – јавно да го дигнат гласот, таквите случаи да не станат судска пракса.

– Ова е прв проблем што удира по пчеларите и бараме од Министерството за правда и Републичкиот совет да ја преиспитаат оваа одлука на Судот во Охрид и да застанат во заштита на пчелите, рече Јосифоски на денешната средба на членовите на Пчеларското здружение од Охрид одржана во Големата сала на Општина Охрид.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1