ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/5/22 3:30 PM

Лука Станковски е нов фудбалер на турскиот Газиентеп

Македонскиот младински фудбалски репрезентативец Лука Станковски ги смени клупските бои и премина од редовите на скопски Работнички во турскиот прволигаш Газиантеп.

Станковски (19), денеска потпиша договор на четири ипол години со можност за продолжување на соработката за уште една година, во присуството на раководство на Газиантеп, предводено од клупскиот претседател Џевдет Акинал.

– Имаше неколку понуди за Лука Станковски, но раководството на Газиантеп беше најупорно, понуди одлични услови и за клубот и за самиот фудбалер, а заеднички донесовме одлука дека тоа е вистинскиот клуб за Лука да продолжи да напредува и да се развива. Му посакуваме многу среќа, да се наметне со своите игри во Газиантеп и да го следи примерот на неговите поранешни соиграчи Елиф Елмас и Милан Ристоски, кои сега се стандардни членови на сениорската репрезентација на Македонија, изјави претседателот на Работнички, Драган Поповски, изразувајќи големо задоволство од реализираниот трансфер.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1