ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/5/22 4:30 PM

Во Тетовско изречени 8164 казни за пребрзо возење за една година

Во текот на минатата 2021 година полицијата изрекла 8164 казни на возачи кои не ги почитувале сообраќајните знаци, правила и прописи што се однесуваат на максимално дозволената брзина на движење.  Казните се изречени за возачи кај кои е евидентирани пребрзо возење на тетовското подрачје поточно на автопатот Гостивар-Tетово-Скопје и регионалните и локалните сообраќајници во Тетовско, како и на  тетовските улици.

– Секторот за внатрешни работи Тетово и годинава продолжува со контролни активности за брзина и посебно во вечерните часови, кога се активира таканаречениот „ноќен радар” и ќе ги санкционира сите прекршоци. Ова, дотолку повеќе што и минатата година неприлагодената брзина е најчестата причина за сообраќајни несреќи на ова подрачје со вкупна бројка од 299 несреќи, а веднаш потоа и неправилно вршење на дејствие со 227 случаи, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Меѓу казнетите има и возачи кои управувале со над 70 километри на час повеќе од дозволеното. На сите пребрзи возачи изготвени им се поднесоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и нив ги очекуваат соодветни парични глоби кои за овој вид прекршок се движат од 45 до 400 евра во денарска противвредност, зависно од големината на пречекорувањето. Дел од казнетите се соочуваат и со мерка времено одземање на нивните возачки дозволи од три месеци до една година.

Само вчера во акциска контрола на автопатот Гостивар – Тетово – Скопје и магистралата Гостивар – Кичево, биле откриени петнаесет возачи на автобуси, минибуси и патнички возила кои вршат јавен превоз на патници ја пречекориле дозволената брзина на движење. При контролата, биле откриени и санкционирани вкупно 15 ваков вид возила (ТЕ-10 и ГВ-5), кои ја пречекориле максимално дозволената брзина за оваа категорија учесници во сообраќајот, се вели во денешното соопштение од МВР. Едно од возилата се движело дури со 70 километри на час повеќе од дозволеното.

извор: МВР

фото: МВР

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1