ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/5/22 2:57 PM

Од САД директно во Зајас-флурон детектиран кај 26 годишен пациент

Детектиран е еден случај на флурон (комбинирана инфекција со вирусот на грип и коронавирусот) кај 26-годишен пациент од Општина Зајас, соопшти Министерството за здравство.
Според епидемиолошката анкета, пациентот со коинфекција Ковид19/Инфлуенца А, непосредно пред 31.12.2021 година се вратил од САД и според неговите кажувања таму примил вакцина за ковид-19, односно се ревакцинирал неколку дена пред да пристигне во земјава.
„Пациентот е упатен на домашно лекување, бидејќи засега нема тешка клиничка слика“, посочуваат од Министерството.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1