ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/5/22 3:05 PM

„Вашиот задник знае што е добро!“ – Пиљара во Гевгелија смешно си ги рекламира производите

„Со кромид млад за Бадник ќе ја пољубиш само во врат“, стои на најновата реклама на една гевгелиска продавница за овошје и зеленчук која на досетлив начин ги промовира своите производи во екот на новогодишните и божиќните празници.

На Фејсбук страницата на пиљарата постојано се објавуваат смешни рекламни пораки кои го привлекуваат вниманието на корисниците. Една од тие реклами е „Не биди папучар, купи си домат јабучар“.

А пак, неделната реклама за новото гравче е „ремек дело“ на авторот. Како и секогаш на некои ќе им биде привлечна и смешна, а на некои бизарна и некултурна, но целта ги оправдува средствата.

„Сакате да бидете погласни од вашиот комшија за Бадник, а не знаете како??? Ние го имаме решението за вас!!! Најдобриот г’зопевец во градот!!! Да беше лето ќе го варевте на сонце!!! Затоа што вашиот задник знае што е добро!!!“, пишува во рекламната порака за гравчето од гевгелиската пиљара.

 

О.К.

фото: Фејсбук


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1