ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/5/22 7:27 PM

Ако жената е задоволна тогаш е најубава – Со Светлана Црнокрак за традицијата, семејството, мајчинството…

Здравје за моето семејство и задравје за сите, што човек може да си посака во ваква ситуација, вели моделот Светлана Црнокрак, која во името на ММС  кога се поклопија стрелките на часовникот на сите им посака- Среќна Нова Година!

Убавината и работата на Светле не е непознаница, но таа за ММС откри како ќе изгледа бадниковата трпеза и како во нејзиното семејство се слави Божик. Таа со сопругот Мики и ќерките Моника и Нина веднаш по новогодишната ноќ замина на скијање во Маврово, но се вратија, како што вели, токму за Бадник, бидејќи е најсемејниот празник.

-Секако дека вечерата е посна,  лепче со паричка, погача, посно гравче, риба, посни салати, печена тиква. Тоа ни е вообичаено. За Божик одиме кај мајка ми, така е со години наназад и таа е надлжена за Божик. Бадник не асоцира на домашна атмосфера, важно е сите да сме дома.

Кој го прави бадниковото лепче со паричка и погачата? Ти или, како повеќето домаќинки, си ги нарачуваш?

-Хахахахах.. Јас не знам да месам. Мене повеќе ме бива за слатки работи и правење класичен ручек. Подготвување на разни манџи, печење.. тоа знам. Но, за месење, до ден денешен, можеби затоа што правеле мајка ми и свекрва ми, јас сум се потпирала на нив. Затоа бадниковото лепче или го порачувам или ми го правеле мајка ми или свекрва ми. Во принцип и трпезите  на мајка ми и свекрва ми секогаш биле послатки. Како велат, кога не се мачиш секако дека е послатко.  Јас капа им симнувам на мајка ми, а особено на свекрва ми, која за жал повеќе од една година не е меѓу нас,  за готвењето.  Многу работи сум научила за нив. И правам јадење, но нивните некако се повкусни.

Дали ги учиш твоите ќерки на нешто од домаќинството?

-Мене пред се хигиената ми е најважна. Да водат грижа и за себе и за нивните соби, па и дома. Моника веќе е голема, таа го средува и станот, не само својата соба. Нина ја учам да и биде чисто нејзиното шкафче, да и бидат наместени алиштата, личната хигиена. Неколку пати намерно сум направила ситуации за да ја научам Моника да направи јадење. Па јас  буквално од 14 години почнав да готвам.  Сум морала да научам. Мајка ми беше во болница, а јас имам брат постар и татко ми дома, па одев кај мајка ми ги запишував рецептите, да ми каже да направам јадење дома. Од 14 години јас сите манџи научив да ги правам. Затоа велам женско како женско мора да ги научи, да ги направи барем основните работи, а се друг понатаму се учи. Особено олеснување за денешните домакинки е интернетот, таму има се и да не знаеш ќе научиш.

Колку имаш време за себе? Важиш за убава жена, која се  одржува, а притоа, секако, си и домаќинка, сопруга, мајка, одиш на работа како презентер, па обврските околу модното студио… Сетоа тоа зема време.

-Јас секогаш велам дека кога се сака се се може, само треба добра организација.  Доколку добро се организираш се се постасува. Доколку се почитуваш самата себе мораш да си најдеш време. Тука се неизбежни и салоните, кои работат на убавината. За се може да се најде време доколку постои желба и добра организација. Имам максимална поддршка од сите околу мене и  имам време за себе. Летно време возам велосипед,а порано вежбав фитнес. Но, велосипедот е нераздеен дел од мене, ако треба и до Тетово и Гостивар со велосипед би отишла. Ако не можам да возам надвор, дома имам статичен и возам по час и половина.  Чисто за мене, за кондиција. Во однос на исхрана внимавам, со многу зеленчук и овошје.  Понекогаш знам да каснам и други работи, јас сум гурман. Но, секако наогам време да го прочистам организмот и да ги потрошам внесените калории.  Нормално козметички третмани. Како човек  со јавна професија, секоја промена луѓето ја забележуваат. Па и како модна агенција, секако дека јас треба да бидам пример.

Што е поважно за жената надворешната или внатрешната убавина?

-Мислам дека надворешната убавина е рефлекција од она што го носиш внатре во себе. Доколку жената е задоволна сама со себе, позитивна и исполнета тогаш е најубава, зрачи со убавина. Како велат- лицето е огледало на душата и тоа е многу важно. Јас и да се родам и  втор пат и трет пак, јас пак би посакала да сум ова што сум. Да се биде жена е привилегија и богатство. Моќта  што жената ја поседува е нешто возвишено.

Во твоето семејство, заедно со ќерките, сте три напрема сопругот Мики. Има ли тој право на глас или сите обиди му паѓаат?

-Хахахахха…  Реално жените во семејството преовалдуваат, но понекогаш му даваме право на глас. Но, на толку години и тој веќе е прилагоден и размислува како нас заеднички. Мики не само дома и во работатата е само со жени. Многумина му завидуваат, но навистина не е лесно да се работи со жени.

Колку имаш помош од Мики?

-Секако имам, не се поделени работите кај нас.  Работите ги завршува тој што е послободен.  Ама заеднички се грижиме за домот. Така и треба да биде…

(В.М.)

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1