ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/5/22 1:57 PM

Државата извршила поврат на ДДВ од 488 милиони евра за 2021 година

Државата во текот на 2021 година извршила поврат на ДДВ кон стопанството за 22,8 % повеќе во однос на 2020 година и 20,8 % ако се спореди со 2019 година. Односно кон фирмите во Македонија по основ на поврат на ДДВ во текот на 2021 година се слеани вкупно 30 милијарди денари или 488 милиони евра што е за 5,6 милијарди денари (91 милион евра) повеќе во споредба со претходната година.

Дополнително кај компаниите во текот на 2021 година е извршено пребивање на ДДВ во износ од 1,2 милијарди денари со други даноци со што износот на поврат на ДДВ вкупно изнесува 31,2 милијарди денари.

Гледано во апсолутен износ повратот што е извршен во 2021 година е повисок во споредба со претходните години кога биле вратени 397,4 милиони евра во 2020, 403,9 милиони евра во 2019 година, 375,8 милиони евра во 2018 година, 315 милиони евра во 2017 и 280 милиони евра во 2016 година.

извор: Министерство за финансии


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1