ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/5/22 2:00 PM

Косово забрани копање на криптовалути поради енергетската криза

Косовската министерка за економија Артане Ризваноли го забрани копањето на криптовалути поради енергетската криза со која се соочува земјата. Причина за ваквата забрана е големото количество на електрична енергија што ја трошат компјутерите од високата класа при копањето криптовалути.

Ризваноли посочи дека е формирана комисија за вонредни мерки во дистрибуцијата на електрична енергија поради енергетската криза и најави дека утврдувањето на местата каде што се произведуваат крипто парите ќе се врши со поддршка на надлежните институции.

Министерката посочи дека одлуката е донесена во рамки на итните мерки во снабдувањето со енергија, со што ќе се придонесе за надминување на енергетската криза, без дополнително оптоварување на граѓаните на Косово.

„Оваа обврска има за цел да го адресира секој неочекуван или долгорочен прекин на работата на енергетските капацитети за производство, пренос и дистрибуција на енергија, со цел да се надмине енергетската криза без дополнително оптоварување на граѓаните на Косово“, наведе таа на својот фејсбук профил.

Косово се соочува со најсериозната енергетска криза во последната деценијаа и 40 отсто од потребите за струја се набавуваат  од странство, а периодично има и рестрикции на струја.

Извор: Bizlife.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1