ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/5/22 12:31 PM

Новата варијанта на корона вирусот нема да ја зголеми побарувачката на нафта, оцени ОПЕК

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници одлучија скромно да го зголемат производството во февруари, проценувајќи дека новата варијанта на коронавирусот нема значително да ги попречи економските активности или да ѝ наштети на побарувачката на нафта.
Групацијата ОПЕК која задоволува околу 45 отсто од светската побарувачка на нафта, ќе продолжи да го зголемува производството за 400.000 барели дневно во февруари, беше одлучено на редовниот месечен состанок одржан вчера.
Техничкиот комитет на ОПЕК + пред состанокот оцени дека новата варијанта на коронавирусот – омикрон не треба значително да влијае врз побарувачката на нафта.
Водечките производители веќе половина година ја зголемуваат понудата со нафта, по значителното намалување во време на пандемијата, што ги принуди земјите ширум светот сериозно да ги ограничат патувањата и да ги затворат економските активности.
Аналитичарите проценуваат дека побарувачката за нафта годинава ќе се врати на нивоата од пред пандемијата, на околу 100 милиони барели дневно.
Групацијата повторно ќе се состане на 2 февруари за да ја анализира состојбата на пазарот.
ДПА пренесува дека аналитичарите на Комерцбанк проценуваат дека фокусот на ОПЕК ќе биде ставен на пандемијата, можните нови ограничувања во Кина и можната употреба на стратешките резерви за ограничување на цените.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1