ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/4/22 8:14 PM

Се појави нова варијанта на коронавирусот во Франција позаразна и од омикрон

Во Франција има 12 случаи на инфекција со нова варијанта на корона вирусот, која има дури 46 мутации, повеќе од омикрон, пренесува ХРТ.

Се наведува дека оваа варијанта е откриена кај пациент кој се вратил од Камерун, но научниците истакнуваат дека е рано да се шпекулира за ефектот на таа варијанта. Во исто време, САД имаат најголем број на корона заразени со вирусот досега.

Француските експерти потврдија дека 12 лица се заразени со нова варијанта на корона вирусот, позаразна и од омикрон.

Според ХРТ, Франција дополнително ги заострува мерките – според законот што се подготвува, на граѓаните над 12 години ќе им треба доказ за вакцинација за да одат во кино или ресторан, како и да патуваат со јавен превоз.

Американските експерти не ја исклучуваат можноста дека реалната бројка е уште поголема. Расте и бројот на хоспитализирани.

Извор: Данас.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1