ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/4/22 4:44 PM

Не му било прв пат – Фатен штипјанец како краде во уметничка галерија

Вчера полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.Н.(26) од Штип. Тој бил затекнат при извршување кражба во Уметничката галерија Безистен во Штип.

Исто така, тој се сомничи и дека претходно во неколку наврати извршил кражби во галеријата, при што одзел повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и биле предадени на Националната установа завод и музеј Штип.

По целосно документирање на случајот против С.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1