ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/4/22 3:02 PM

Омикрон чукна и на наша врата-вирусот детектиран кај девет пациенти

Министерството за здравство соопшти дека во лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје се направени анализи за детекција на сојот Омикрон на вирусот SARSCoV2.

Омикрон, како што се посочува, е детектиран кај осум пациенти од Скопје и кај еден пациент од Кочани.
Во лабораторијата се изработени 24 примероци позитивни на SARSCoV2, примероците се од пациенти од Скопје, Кочани, Велес, Гевгелија и Богданци.

Од вкупниот број тестирани, кај девет пациенти детектирана е Омикрон варијантата на вирусот, што изнесува 37,5 отсто од позитивните примероци. Сите позитивни пациенти се од Скопје, а еден е од Кочани, информираат од Министерството.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1