ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/4/22 2:41 PM

АЕТМ: Продолжува растот на онлајн купување од домашните е-трговци – 83,4% раст во првите 9 месеци 2021

„Спонзориран текст“

  • Во првите 9 месеци од 2021 се реализирале онлајн трансакции вредни 273,2 милиони евра, односно трендот на раст продолжува со 67,9% споредено со истиот период претходната година
  • Со македонски картички кон македонски е-трговци се реализирале 203,1 милиони евра или раст од 84,4%
  • Кон домашните е-трговци се слеале 215,2 милиони евра од кои 94% од домашни купувачи

Согласно најновите објавени податоци за безготовински платежни трансакции на виртуелните места на продажба за период од 9 (девет) месеци заклучно до 30.09.2021 година од страна на Народната банка, продолжува трендот на пораст како на вредноста така и на бројот на трансакциите.

Во првите девет месеци од 2021 година вкупната вредност на онлајн трансакциите реализирани во земјата и во странство со домашни и странски картички, изнесува 273,2 милиони евра што претставува пораст од 67,9% во однос на истиот период минатата година кога се остварила вредност од 162,7 милиони евра. Доколку споредиме со цела 2020 година кога се реализирале трансакции вредни 240,4 милиони евра, за само девет месеци оваа година се реализирала поголема вредност на трансакции за 13,6%. При тоа во првиот квартал годинава остварени се 86,6 милиони евра, во вториот квартал 82,1 милион евра, додека во третиот квартал за првпат е надмината границата од 100 милиони евра, односно остварени се 104,5 милиони евра во онлајн трансакции.

Физичките лица во првите три квартали од 2021 година остваруваат 84,5% од вкупните онлајн транскации, но далеку побрз раст од 184,6% имаат правните лица, наспроти растот на физичките лица од 56,2% во однос на истиот период минатата година.

Бројот на направени трансакции  во првите три квартали од 2021 година изнесува 10,3 милиони што преставува пораст од 51,1% во однос на бројот на направените трансакции во истиот период минатата година (6,83 милиони трансакции). Поголемиот пораст на вредноста на направените трансакции од бројот ја зголемува вредноста на просечната трансакција и таа изнесува 26,5 евра спрема 23,8 евра во истиот период минатата година. При тоа, просечната трансакција на правните лица е поголема (31,4 евра) во однос на физичките лица (25,8 евра).

Македонците потрошиле 203,1 милиони евра во првите девет месеци од оваа година кон домашни онлајн продавници што претставува 74,3% од вкупната вредност на направени онлајн трансакции

Македонците во текот на 2021 година продолжуваат да ги ползуваат придобивките од онлајн купувањето и да купуваат од домашните е-продавници. Имено, во текот на првите девет месеци од 2021 година Македонците со домашни картички потрошиле 203,1 милиони евра онлајн, што претставува пораст од 84,5% во однос на истиот период претходната година. Високи 87,2% од вредноста на трансакците кон домашни е-продавници ја остваруваат физичките лица. Вредноста на просечната трансакција оствaрена од Македонците кон домашните е-трговци изнесува 26,2 евра и тоа кај физичките лица 26,9 евра, додека кај правните 22,2 евра.

 

– “Со започнувањето на пандемијата забележавме значајно забрзување на растот во реализирални онлјан трансакции, а позитивно е што трендот на раст продолжува и понатаму. Растот во првите 9 месеци од 2021 година во вредноста на онлајн трансакциите изнесува 68%. Можеби уште позначајната промена поттикната од COVID-19 е драстичната промена во структурата на трансакциите. Ако од вкупната вредност пред пандемијата помалку од половина се слеваше кон домашни е-трговци, сега веќе учествуваат со 79% или вкупно 215,2 милиони евра се слеале кон домашни е-трговци во првите девет месеци 2021. Македонците се повеќе купуваат од домашни е-трговци, 95% од вредноста на домашните е-трговци ја реализирале македонски картички (картички издадени од домашните банки). Продолжуваме будно да го следиме прогресот и развојот на е-трговијата, како и да преземаме соодветни активности и иницијативи за унапредување на климата за е-трговија.” – вели Претседателката на АЕТМ, д-р. Нина Ангеловска.

Странците кон домашните е-трговци во првите девет месеци од 2021 година направиле промет од 12,1 милиони евра, зголемувајќи го износот на трансакции во однос на истиот период минатата година за 68%. Износот на просечна трансакција на странците кон домашните интернет продавници изнесува 35,3 евра.

Македонците во странство направиле трансакции вредни 58,1 милиони евра во првите девет месеци годинава што претставува 21,3% од вкупно остварената вредност на онлајн трансакции. Во однос на истиот период минатата година остварен е раст од 28%. Бројот на направените трансакции од Македонци во странство расте со 10,6%. Од аспект на просечната трансакција, истата изнесува 26,2 евра во анализираниот период.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1