ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/4/22 2:22 PM

(Видео) Аргентинка се соблекла по танга за да си направи маска од фустанот среде слаткарница

На новогодишниот ден во Аргентина почна да се шири видео на жена која влегува во продавница за сладолед, а на себе има само долна облека и фустан во рацете. На барање на персоналот да стави маска, таа фустанот го замота околу главата.

Иако Аргентина освен маски допушта и текстилни предмети под услов да ги покриваат устата и носот, жената не беше услужена и тоа што среде продавница се соблече на танга во знак на протест не и помогна многу, пренесе британски „Мирор“.

Во продавницата освен неа во тој момент се најдоа татко и неговите три ќерки, а на нивните лица јасно се гледа колку беа збунети од појавувањето и потегот на жената.

Иако ниту таткото не ја носеше маската правилно, туку под носот, персоналот го услужи без проблем.

Кога од жената побараа да стави маска на лицето, таа почна да протестира.

– Немој да ме испрашувате за маската. Ја ставам – им рекла жената наводно на продавачите.

Таа била една од 11 луѓе кои во дуќанот влегле без маска. Групата на крај успеала да купи сладоледи затоа што сите некако дошле до пропишана гардероба за покривање на лицето.

Извор: 24sata.hr

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1