ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/4/22 12:53 PM

Истополовите парови во Израел ќе можат да имаат деца со помош на сурогат мајки

Израелскиот министер за здравје Ницан Хоровиц објави дека истополовите парови ќе можат да имаат деца со помош на сурогат мајки и оти ваквиот пропис ќе важи од следната недела, по одлуката на Врховниот суд донесена минатата година.

Судот во јули го поништи делот од законот за сурогат мајчинство кој спречуваше истополови парови да имаат деца на ваков начин во Израел.

На овој потег му претходеше претходната одлука на судот во 2020, кога се одлучи дека законот кој им овозможува пристап на самохраните мајки, но не и на паровите од ист пол, непропорционално го повредил правото на еднаквост и правото на родителство и е незаконит.

На владата на тогашниот премиер Бенџамин Нетанјаху и беше даден рок од една година да предложи нов закон, но парламентот не го исполни овој рок.

Министерот Хоровиц оцени дека потполната еднаквост е едноставно барање и цел на ЛГБТИ заедницата на која и самиот и припаѓа, а тоа подразбира еднаквост пред законот и еднаквост во однос на родителството.

Инаку претходно израелските парови кои сакаа да станат родители, не можеа да го сторат тоа со помош на сурогат мајка во Израел, па изнаоѓаа начини и се изложуваа на трошоци тоа да го направат во странство.

Државата тврдеше дека на тој начин ги штити сурогат мајките, но судот пресуди дека е можно да се постигне рамнотежа и да не се дискриминира.

За разлика од најголем дел од конзервативниот Близок исток, Израел е доста толерантен спрема ЛГБТИ популацијата. Хомосексуалците овде отворено служат во израелската војска, парламентарци се, а и многу популарни уметници не кријат дека се геј.

Сепак препрека се уште е склучувањето граѓански брак на лицата од ист пол.

 

извор:Н1


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1