ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/4/22 9:45 AM

Успешна година за Царина: Собрани приходи од 1,68 милијарди евра

Царинската управа ја завршила 2021 година со вкупно наплатени приходи во износ од 103,47 милијарди денари или 1,68 милијарди евра по основ на царински давачки, ДДВ, акцизи и други надоместоци при увоз и внатрешен промет.

Наплатените приходи во 2021 година, како што информираат од Царинската управа, се поголеми за 24,7 отсто во однос на 2020 година, односно за 12,81 процент во однос на 2019 година.

-Царинската управа и во 2022 година ќе биде фокусирана на имплементација на мерки и активности кои се во насока и придонесуваат за зголемена финансиска дисциплина и наплата на приходите од сите учесници во царинските постапки, порачуваат од Царинската управа.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1